Денес се играат последните натпревари од гурпната фаза на ЕУРО 2020

Осминафиналните двојки на Европското првенство во фудбал ќе бидат комплетирани денеска со одигрување на завршните четири натпревари во групите Е и Ф.

Шпанија во рамки на групата Е од 18 часот во Севиља е домаќин на Словачка, додека во истиот термин Шведска и Полска ќе играат во Санкт Петербург.

Шведска е првопласирана во групата со четири бодови и обезбеди пласман во нокаут фазата. Словачка е втора со три бодови, Шпанија со бод помалку е третопласирана, додека Полска влегува во завршниот дуел со еден освоен бод.

Во „реприза“ од последното европско финале, вечерва од 21 часот во Будимпешта играат Португалија и Франција, додека во Минхен, германската репрезентација ја пречекува Унгарија.