Кошаркар на Лејкерс уапсен поради марихуана

Американскиот кошаркар Алекс Карузо беше уапсен во вторникот вечерта во Тексас, откако полицијата пронајде марихуана во негова близина, како и опрема за нејзино консумирање.

Карузо заедно со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис го предводеа Лос Анџелес Лејкерс кон титулата минатата сезона, а исто така важи за еден од милениците на навивачите.

Полицијата го одвела Карузо во станицата, откако во неговиот автомобил била пронајдена дрога, но по платената кауција бил ослободен. Тој морал да плати 3.000 долари за поседување недозволени средства, а најважната вест е дека на тој начин избегал затворска казна што можела да биде и до шест месеци.

Не е невообичаено кошаркарите на НБА да се „релаксираат“ за време на паузата помеѓу двете сезони, дури и да консумираат популарни „лесни“ лекови, па Алекс Карузо сигурно не е првиот или последниот член на Лејкерс кој е фатен со вакви супстанции.

Момчето од Тексас влезе во НБА лигата иако никој не го избра на драфтот во 2016 година, а минатата сезона им помогна на Лејкерси да го освојат шампионскиот прстен. Оваа сезона „Езерџиите“ беа исфрлени уште во осминафиналето од Феникс, тим кој сигурно чекори кон титулата оваа сезона. „Сонцата“ водат во полуфиналната серија против Лос Анџелес Клиперс со 2-0.