Индија детектираше 20 случаи на зараза со нов вид на коронавирусот наречен „делта“

Властите на индиската сојузна држава Мајараштра во неделата вечерта по средноевропско време објавија дека индектификувале 20 случаи на зараза со нов вид на коронавирусот наречен „делта плус“(B.1.617.2.1).

Досега се идентификувни четирите епидемиски најопасните мутации на SARS-CoV-2: алфа (или британскиот сој – B.1.1.7), бета (јужноафриканскиот сој – B.1.351), гама (бразилскиот сој – P.1) и делта (индискиот сој – B.1.617.2).

Според официјалните податоци на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), сојот на коронавирусот B.1.617 е откриен на 5-ти октомври 2020 година во индиската сојузна држава Махараштра, а од неодамна се идентификувани случа на зараза со овој ткн „индиски сој“ во повеќе земји во светот. Според индиските медицински стручњаци, овој сој најверојатно е една од причините за вториот бран на епиденијата од коронавирусот во Индија. Властите во Русија, Португалија и Велика Британија, исто така, сметаат дека острото зголемување на бројот на инфекции во овие земји се должи токму на оваа варијанта на вирусот.

Досега беа идентификувани три подвида на овој сој означени како „B.1.617.1“, „B.1.617.2“ и „B.1.617.3“, а новиот подвид се одликува со присуство на мутацијата K417N во „спајк“ (шилестиот) протеин на вирусот, кој може да ја намали активноста на серумот и антителата и кај луѓето кои оздравеле и се вакцинирани на Covid-19. Индиските стручњаци истакнуваат дека овој вид првпат бил откриен во март годинава во Европа.

„Го пронајдовме ‘делта плус’ во Нави-Мумбаи, Палга и Ратнагири. Потоа испративме повеќе примероци за анализа и ги чекаме одговорите“, изјави за телевизијата India TV, Т.П. Лахан, шеф на Управата за медицинско образование и истражувања.

Пет случаи на зараза со новиот вид на „индискиот сој“ биле пријавени во пристанишниот град Ратнагири, додека двајца од заразените не покажале никакви симптоми. За да се спречи ширењето на коронавирусот, локалните власти воспоставија зони кои се затворени за влез или излез од нив, онаму каде е октриена новата варијанта на коронавирусот.

Индија, по САД, е на второто место во светот според бројот потврден случаи на коронаинфекции, иако постои сомневања дека поради големите рурални области реалната бројка е многу поголема. Според последните податоци од индиското министерство за здравство, од март минатата 2020 година кога започна епидемијата во земјата, вкупниот број на заразените со коронавирусот во Индија надмина 28,9 милиони луѓе од кои оздравеле 28,8 милиони, а повеќе од 386.000 илјади починале. Во моментов во болниците поради Covid-19 хоспитализирани се 729.000 пациенти.