(ФОТО) Соиграчите го фрлаа Пандев во воздух, капитенот се опростува од репрезентацијата

Горан Пандев денес ќе го игра последниот натпревар за македонската репрезентација, па соиграчите на вчерашниот тренинг знаеа како да го одбележат тоа .

На денешниот натпревар против Холандија, Горан Пандев ќе се збогува со националниот тим, тоа ќе биде неговиот последен меч за Македонија.

Вчерашниот тренинг на „Јохан Кројф“ арената беше и последен тренинг за Пандев со соиграчите со кои во изминатте неколку години функционираше како фамилија.