Пандев: Мечот со Холандија е мојот последен за македонската репрезентација

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев потврди дека утрешниот натпревар против селекцијата на Холандија ќе бииде негов последен за Македонија.

Пандев не кажа дека става крај на кариерата, можно е и да одигра уште една клупска сезона, но утрешниот меч за Холандија ќе биде негов последен за репрезентацијата.

„Утрешниот натпревар е мој последен во дресот на Македонија, тоа е крајот на мојата репрезентативна кариера. Не знам како ќе биде во Италија, но играњето на два фронта, за клуб и во репрезентацијата е голем товар за фудбалер на моја возраст, затоа дуелот со Холандија е последен мој во репрезентацијата“, вели Горан Пандев.

„Јас и моите колеги на чело со Ангеловски направивме нешто најголемо досега што не знам дал некој ќе го направи, и мислам дека сега после Европското првенство е вистински момент да се повлечам. Сакам да им посакам на моите соиграчи пласман на Светсото првенство. Тие може да ни донесат големи радости во иднина, на цела Македонија бидејќи знам за колку квалитетни играчи се работи, играат во големи тимови и заслужуваат да играат на еден Мундијал“.

„Среќен сум што се збогувам со репрезентацијата на едно големо натпреварување, не ни можев да посакам подобар начин од тоа, настап на Европско првенство. Емоциите се големо, но знам како да се носам со нив. Дај Боже утре сето тоа да се зокружи со добар резултат“.