(ВИДЕО) На Јокиќ му било срам да се појави пред сограѓаните во Сомбор

Градот Сомбор планираше организација за дочек на Никола Јокиќ во петокот по повод освојување на МВП-наградата во НБА-лигата, но кошаркарот на Денвер нагетс реши да ја откаже.

Јокиќ еден ден претходно уживаше со своите коњи,  тоа се случи во ден кога соопшти дека нема да игра за репрезентацијата ова лето и ги налути навивачите на Србија.

Србинот во Сомбор пристигна во средата, кога соопшти дека порази замор нема да игра за репрезентацијата и дека му е потребен посебен одмор по напорната сезона со Денвер.

„На моја голема жал, ова е момент кога морам да ѝ соопштам на јавноста дека и покрај големата желба, не сум во можност да играм кошарка. Состојбата на моето тело е таква што морам да правам пауза. Таков е и ставот и предлогот на клубот кој морам да го прифатам. Убеден сум дека момците и без мснс имаат квалитет да направат добар резултат“, вели Јокиќ.