(ФОТО) Пандев и Ангеловски го прекршија протоколот на УЕФА, беа на вечера со семејствата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев заедно со своите семејства по поразот од Украина одлучиле да го напуштат карантинот и да заминат на вечера во еден од рестораните во Букурешт.

Романскиот „Про-спорт“ ги улови Пандев и Ангеловски со семејствата во еден од најлуксузните ресторани во Букурешт, во комплексот Херастау додека останатите репрезентативци останаа во хотелот во „Мериот“.

Според протоколот на УЕФА за Европското првенство предвиден е најстрог „меур“ за репрезентатиците за да се заштитат фудбалерите од коронавирусот и останува да се види дали европската куќа на фудбалот ќе преземе некакви мерки против капитенот и селекторот.