Заев: Имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши проблемот со Бугарија

Премиерот Зоран Заев истакна дека не е оптимист дека проблемот со Бугарија ќе биде решен во скоро време.

„Имам чувство дека во 22 јуни нема да се реши проблемот, но не е невозможно“, изјави Заев.

Тој рече дека го кажува ова за да не ги крене очекувањата кај нашите граѓани, затоа што Бугарија во моментов има техничка влада.

„Зошто го кажувам ова? Затоа што не сакам да ги кренам очекувањата кај нашитее граѓани. Бугарија има во јули избори Но наша должност е да направиме се. Нема зијан доколку разговараме. Значајно е дека и ние и Бугарија немаме прашања за македонскиот јазик и идентитет. Зборуваме за динамика на сите детали од секторската соработка во делот на рамката или патната карта, за интензитетот на историската комисија.“, вели Заев.