Алиоски: Не слушнав што ми рече Арнаутовиќ, по мечот дојде во соблекувалната и ми се извини!

Македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски открива дека по натпреварот Марко Арнаутовиќ му се извинил и во соблекувалната.

Инцидентот кој го предизвика Арнаутовиќ по постигнатиот гол е во центарот на вниманието. Австриецот може да добие и казна поради тоа.

Тој го пцуеше Алиоски, но брзо сфати дека направи грешка која скапо може да го чини. По мечот двајцата беа фатени од камерите како разговараат, а нашиот фудбалер вели дека Арнаутовиќ му се извинил и во соблекувалната.

„Не можев да го слушнам што викаше бидејќи публиката славеше во тој момент. По натпреварот зборувавме и се смиривме. По мечот дојде во нашата соблекувална, ми подаде рака и ми се извини. Арнаутовиќ дојде како пријател, зборувавме на германски и се разбравме на крајот“, вели Алиоски.

Во меѓувреме ФФМ официјално побара од УЕФА, Арнаутовиќ најстрого да биде казнет за неговиот испад.

Извор: 24фудбал