Кризниот штаб прифати укинување на полицискиот час и на ограничувањата за свадби

Главниот координативен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на олабавување на рестрикциите. Тие сега треба да поминат уште на владина седница.

Откако ќе ги усвои Владата, тие треба да стапат во сила од среда (16 јуни). Препораките се однесуваат на:

  • укинување на полицискиот час;
  • се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите и прославите;
  • дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од капацитетот на објектот и не повеќе од 1 000 лица.