На денешното гостување во емисијата Топ тема на Телма  министерот за животна средина истакана дека овој ноември и декември се најнезагадените месеци во последните 10 години.

Ректорат оваа година има само 46 денови кои ја надминале границата, исто така и со другите делови од Скопје, изјави заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

„Сакам да зборувам за овие податоци и за загадувањето, но да се базира на знаење и информации. Најлошо е кога се зборува без да се знаат основни работи. Не се сложувам дека се рушат рекорди во загадувањето и дека не се прави ништо за да се реши овој проблем. Сите оние заложби кои ги кажував за време на опозицијата, со уште поголема енергија сега го правам тоа. Тргнат е патот на решавање на проблемот со загадениот воздух кој долги години беше запоставен“, рече Макрадули.

Во однос на тоа дали во државата се внесува опасен отпад тој одговори дека во Македонија не е возможно легално да се внесе опасен отпад. Тој истакна дека за таа цел постои базелска конвенција која содржи повеќе стапки на контрола пред да влезе отпадот во одредена држава.