Џонсон: Растот на бројката на заразени со ковид-19 предизвикува сериозна, сериозна загриженост

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека зголемената бројка на заразени и хоспитализирани со ковид-19 е предмет на „сериозна, сериозна загриженост”, додавајќи дека сега е помалку оптимистичен за отворањето на земјата отколку во мај.

– Јасно е дека индиската варијанта е позаразна и исто така е точно дека бројките растат и дека нивото на хоспитализации расте, рече британскиот премиер за „Скај Њуз”.

Се очекува во понеделник Џонсон да се изјасни дали планираното укинување на ограничувањата ќе се случи на 21 јуни или се поголемиот број случаи ќе го принудат да го одложи отворањето.