Стотици граѓани излегоа на вториот протест за чист воздух кој беше под мотото „Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!“
Граѓанските здруженија и активистите овој пат организирано поддржани и од многубројните студентите и средношколците, го започнаа масовниот протест кој почна утрово кога учениците од средните училишта ја бојкотираа наставата како форма на револт против високото аерозагадување. И покрај бројните закани и заплашувања кон учениците и бројните реакции во јавност и младите се приклучија на маршот.
Деновиве сведоци сме на притисоци врз младите затоа што изразуваат подготвеност да учествуваат на протест за животната средина бидејќи им е загрозено најелементарното право – правото на живот (Конвенција за правата на детето, член 6).
Се прашуваме кому му одговара младите да бидат на часови, да не го дигнат својот глас, да молчат, да не учествуваат во општествено политичкиот живот, да бидат безгласни, мирни и никаде да ги нема, да го прифатат молчешкум неподносливото загадување?
Директорка на гимназијата “Никола Карев” е разрешена од функцијата, откако им се закануваше на учениците дека ќе има последици ако протестираат против загадувањето и глобалното затоплување.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов..
Учениците во кочанските училишта кои се организираа денес за протест против загадувањето на воздухот со закани беа спречувани од страна на директорите во училиштата.
Во дел од училиштата со соопштение им се вршеа закани на учениците и професорите.
На денешното гостување во емисијата Топ тема на Телма министерот за животна средина истакана дека овој ноември и декември се најнезагадените месеци во последните 10 години.
Ректорат оваа година има само 46 денови кои ја надминале..