ВИСТИНСКО ЧУДО Е ШТО Е ЖИВ: Срцето на Кристијан Ериксен не чукало 5 минути

Denmark's players gather as paramedics attend to midfielder Christian Eriksen during the UEFA EURO 2020 Group B football match between Denmark and Finland at the Parken Stadium in Copenhagen on June 12, 2021.

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен најверојатно доживеа срцев удар на мечот на ЕП против Финска и според мислењето на поранешниот лекар на Тотенхем, вистинско чудо е што успеа да се опорави.

Професорот Санџај Шарма, кој има направено повеќе здравствени тестови врз поранешниот играч на Тотенхем од 2013 до 2020 година, вели дека Ериксен никогаш немал проблеми со срцето, но дека тестовите „никогаш не се 100% сигурни“.

Шарма додава дека 29-годишниот Данец се опоравил „многу брзо“, имајќи ги предвид наводите дека срцето му застанало пет минути.

– Ако направиле ЦПР и ако користеле дефибрилатор, тогаш можам да кажам дека тоа е примарен срцев удар предизвикан од „влегување“ на срцето во лош ритам – рече професорот Шарма за Дејли Меил “.

Тој наведува дека времето, во случајот на Ериксен, од моментот кога паднал на земја па се до моментот кога бил реанимиран во медицината, се нарекува „застој“.

– Колку подолго трае „застојот“, полошо ќе биде за вас! Секоја минута што ја поминувате во „застој“ ги намалува шансите за преживување за седум проценти. Обично, некој што поминал пет или шест минути во „мртва точка“, доколку се опорави, е во критична состојба и треба да биде поврзан со респиратор и да се интубира за да дише. Чудо е што преживеал! Но, не заборавајте, Кристијан е многу млад здрав човек. Тој не е како постарите луѓе кои имаат проблеми со срцето … тој е момче со фантастична циркулација, вели Шарма.

Професорот Шарма вели дека се молел за Ериксен во моментите пред да пристигне охрабрувачката вест дека Данецот преживеал и е во стабилна состојба.