
Данскиот фудбалер, Кристијан Ериксен, колабираше на теренот во првото полувреме од мечот на неговиот тим против Финска на Евро 2020.
Прекинат е фудбалскиот натпревар на Европското првенство меѓу репрезентациите на Данска и Финска, поради повреда на еден од фудбалерите. Фудбалерот Кристијан Ериксен во текот на играта колбираше и неколку минути службите на Брза помош го реанимираа играчот на Данска на фудбалскиот терен. 29 годишниот данскиот фудбалер Ериксен е играч на фудбалскиот италијански клуб Интер.
Ериксен е префрлен во болница и е во стабилна состојба.