Тестови во вид на лижавче се користат во училиштата во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија веќе еден месец. Всушност, лижавчето е направено од памучни брисеви, специјално изработени и веднаш се испраќаат во лабораторија.
Лижавчињата се тестираат во лабораторија со користење на процес на асоцијација, што значи дека сите стапчиња се оценуваат заедно како еден тест, овој метод на тестирање е многу скап, бидејќи државата плаќа 50 евра по анализа.
Лабораторијата дава резултати веднаш со цел да се прекине потенцијалниот ланец на инфекција. Коментарите на децата за овие тестови се различни, некои тврдат дека е попрактичен во однос на туркање стапчиња во носот, други сметаат дека вкусот на лижавчињата е одвратен.
Иако бројот на заразени опаѓа, во Германија, овие тестови ќе се користат најмалку до летните одмори, пренесува ДВ.