Поради големиот долг кон Кина, Црна Гора се подготвуваат за продажба на државен имот

Црна Гора се подготвува да го распродаде државниот имот за да ја намали финансиската зависност од Пекинг, изјавија високи европски претставници за Ројтерс.

Долгот на Црна Гора кон Кина е во центарот на жестока дебата за кинеското влијание во Европа и може да го комплицира проширувањето на Европската унија на Балканот, изјавија за британската агенција претставници на ЕУ кои сакаа да останат анонимни.

Црна Гора е кандидат за членство во ЕУ и тој процес бара исполнување на фискалните стандарди, додава Ројтерс.

Како што се наведува Црна Гора позајми 944 милиони долари од Кина во 2014 година со цел да ја финансира изградбата на дел од 41 километар автопат, кој се уште не е  завршен.

Поволните заеми од ЕУ ќе и обезбедат на Црна Гора повеќе финансиски простор за инвестирање во проекти што ќе ја зајакнат економијата, силно погодена од пандемијата „Ковид 19“, рече еден официјален претставник вклучен во разговорите.