O2 Иницијатива: Подмолно, без никаква најава ги сотреа најголемите дрвја на ул. Орце Николов

Подмолно, без никаква најава ги сотреа најголемите дрвја на ул. Орце Николов, болни биле – исто како тие на булевар Србија пред 1 месец или како тие на Рузвелтова. Приказнава е очајна, ама очигледно не се припотресуваат да смислат нешто малку попаметно, зошто нели, народот е доволно глуп да им даде доверба, ќе заборави по неколку дена. А тие ќе заблескаат победоносно на фотографиите со новото посадено зеленило зумирано до максимум, ќе продолжат да си ја раскажуваат својата поинаква приказна чекор по чекор, зборот е збор, дрн дрн јариња, реагираат од О2 Иницијатива.

-Од она што се гледа – дрвата не се болни, единствен проблем им е што биле големи, најголемиот дел исечени дрвја се со огромни стебла. Од она што се гледа на терен останува впечаток дека им се нашле на пат за поставување, цевки, кабли, па што има да смислуваат решение, ќе му се секираат за некое дрво, пушти пилата и решен проблем башка ќе се отвори тендерче, ќе си посадат нови, со помали стебелнца, важно да се брои, плус ќе си пораснат цифрите на ново посадени.

Друга работа е што во приказнава ич не се замаарат што толку многу дрвја им се разболуваат на толку мал простор, очигледно  некој не си ја работи работата за која е платен, ама тоа за нив е нормалан работа. Нормално им е да ги соголат корењата, со бетон да ги премачакаат, да ги асфалтираат, важно улица реконструирале – достигнување, вредно за жртва од децениски израснати дрвја.

😭 Масакар на ул. Орце Николов. ⚰️ Подмолно, без никаква најава ги сотреа најголемите дрвја на ул. Орце Николов, болни…

Posted by O2 Иницијатива on Friday, June 11, 2021