Османи: Протерувањето на македонскиот дипломат од Русија ќе влијае негативно

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево реагираше на одлуката на Русија да протера еден македонски дипломат. Според Османи, ова ќе влијае негативно на односите меѓу Македонија и Русија.

-Жалам за неоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка одлука. Ова несомнено ќе влијае негативно на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Руската Федерација, напиша Османи на Твитер.