Муцунски: Кон Преспанскиот договор ќе се однесуваме согласно резултатите од референдумот

За ВМРО-ДПМНЕ приоритет се интесите на граѓаните и волјата на граѓаните изразена на референдумот кој беше организиран пред официјализирањето на Преспанскиот договор, изјави на новинарско прашање Тимчо Муцунски, кој е меѓународен секретар на партијата. Стратегиски приоритет на ВМРО-ДПМНЕ беше членството во НАТО со заштита на нашиот национален идентитет, а сега и членството во ЕУ, додаде тој.

„ВМРО-ДПМНЕ ја признава волјата на граѓаните, токму тоа што народот го има кажано и ние ќе дејствуваме во насока на тоа што е стратегиски интерес на македонските граѓани, односно согласно народната волја искажана на референдумот од 2018 година“, рече Муцунски.