Германскиот шеф на дипломатијата со барање да се укине правото на вето

Германскиот министер за надворешни работи, Хаико Мас, ја повика Европската Унија да го укине правото на вето што го имаат членките на Унијата, без да прецизира на што се должи неговата изјава.

Според западните медиуми, неговата изјава е испровоцирана од Унгарија, која неколку пати го користеше правото на вето за да ги блокира критичните изјави на Брисел за Кина, како и апелот на Унијата за прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците.

„Не можеме повеќе да бидеме заложници на оние кои ставаат вето на европската надворешна политика. Оние кои го прават тоа играат, повеќе или помалку на долг рок, со кохезијата на Европа“, оценил Мас.