Франција го казни Гугл со 220 милиони евра

epa07670238 A Google logo is displayed at the Google offices in Berlin, Germany, 24 June 2019. EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Американскиот технолошки гигант Гугл е казнет со 220 милиони евра (267 милиони долари) во Франција за злоупотреба на позицијата на пазарот во индустријата за рекламирање преку Интернет.

Француската Агенција за заштита на конкуренција соопшти дека американската ИТ компанија неправедно ги упатила компаниите кон своите услуги и ја дискриминирала конкуренцијата.

Гугл се согласи да ја плати казната и да запре некои практики на давање предност на своите услуги, се вели во соопштението на регулаторот, пренесува Танјуг.

Изабел де Силва, претседател на Францускиот орган за конкуренција, рече дека истрагата открила процеси со кои Гугал се претпочитал себе си пред конкурентите и на серверите за рекламирање и на платформите од снабдување, кои се парчиња софтвер што издавачите го користат за управување, продажба и оптимизирање на реклами простор на нивните страници и мобилни апликации.