Најголем месечен пад на невработеноста во Шпанија

Spanish flags in front of Plaza de la Cibeles in Madrid, Realtime

Во мај годинава, во Шпанија е забележан најостар месечен пад на бројката на невработеност.

Тоа е трет последователен месец на опаѓање на невработеноста, бидејќи олеснувањето на мерките за ограничување од короната ја зголемија економската активност во земјата, која беше сериозно погодена од пандемијата.

Податоците на Министерството покажуваат дека бројот на регистрирани невработени во Шпанија се намалил за 3,31 процент во мај во споредба со претходниот месец, на 3,78 милиони баратели на работа.

Во споредба со мај минатата година, бројот на невработени лица падна за 1,98 проценти.

Сите економски сектори и сите шпански региони пријавија помала невработеност, при што најмногу паѓа бројот на невработени во услужниот сектор, кој беше најтешко погоден од пандемијата.

Месецот Мај е традиционално силен месец за шпанскиот пазар на труд, бидејќи многу компании преферираат да вработуваат пред летната туристичка сезона.

Тој ефект беше засилен со укинувањето на вонредната состојба во земјата на почетокот на минатиот месец, што им овозможи на Шпанците да патуваат надвор од нивните родни региони и придонесе да процветаат туристичките посети од домашните гости.