(ВИДЕО) Пукање во Њу Орлеанс осуммина ранети

Осум лица се ранети во пукање во Њу Орлеант, САД, меѓу кои и жена која е погодена во лицето, соопшти денеска полицијата.

Пукањето се случило нешто по полноќ на пат во близина на меѓудржавниот авто-пат 10, пренесе АП.

Жената со итна помош е префрлена во болница во критична состојба. Портпаролот на полицијата во Њу Орлеанс, Ерол Луни за една телевизија изјави дека останатите седуммина рането се во стабилна состојба. Луни не изнесе детали за тоа што се случило со оглед на тоа што истрагата е во тек. Засега никој не е уапсен по пукотницата.