Заев: На 22 јуни очекуваме гласно ДА за првата меѓувладина конференција

Премиерот Зоран Заев не губи надеж дека Македонија наскоро ќе добие дозвола за одржување на првата меѓувладина конференција што воедно претставува формален почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ). Во таа насока одат и сè поинтензивните средби со бугарските власти во пресрет на Самитот на ЕУ што е закажан на 22 јуни.

– Верувам дека и билатерално ќе се видиме затоа што нашите министри за надворешни работи го доразвиваат планот за соработка. Се работи за секторскиот план од сите области што верувам дека ќе го утврдиме до крај. Јас дури верувам дека може да се одржи и Меѓувладината конференција во претстојниот период, а во меѓувреме да се усвојат сите потребни работи. Сето тоа може да биде од помош на добивање на тоа гласно да што го очекуваме на 22 јуни за одржување на првата меѓувладина конференција. Пред нас е значаен период и верувам дека може да го искористиме до максимум, изјави Зоран Заев, претседател на Влада.