Министрите за финансии на Г7 постигнаа „историски“ договор за оданочување на мултинационални компании

Министрите за финансии од групата седум водечки светски економии постигнаа „историски“ договор за оданочување на мултинационалните компании. Договорот се очекува да вклучува глобална минимална стапка на данок на добивка од 15%. Со ова би биле засегнати компаниите Амазон, Мајкрософт, Фејсбук, а владите очекуваат прилив на милијарди долари потребни за справува со ковид кризата.

Групата водечки светки економии Г7 постигнаа „историски“ договор за оданочување на мултинационални компании, соопшти британскиот министер за финансии, Риши Сунак.

Министрите за финансии на состанокот во Лондон се согласија да се посветат на принципот на минимална стапка на данок на добивка од 15%.

Гигантите како Амазон и Гугл би можеле да бидат меѓу засегнатите компании.

Овој потег може да придонесе милијарди долари да се одлеваат кон владите за да ги отплатат долговите настанати за време на кризата во Ковид.