Дачиќ: Србија никогаш нема да ги поддржи санкциите против Русија

Претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ изјави дека Србија никогаш нема да ги поддржи санкциите против Русија.

„Би сакал уште еднаш да кажам дека Србија никогаш нема да ги поддржи санкциите против Руската Федерација, изречени од меѓународни организации или одредени земји“, рече Дачиќ за време на посетата Русија на покана на претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин.

Дачиќ и Володин оценија дека соработката меѓу Србија и Русија е на високо ниво и динамична.

„Остануваме посветени на понатамошниот развој на братските односи. Имаме соработка на високо ниво, како и соработката на нашите претседатели. Имаме стратешко партнерство и заеднички интереси, заеднички прашања и предизвици. „Единството и солидарноста се многу важни во овој момент“, рече Дачиќ.

Тој изрази благодарност до руската страна за поддршката дадена во заштитата на територијалниот интегритет на Србија на Косово и Метохија.