Кинескиот претседател денекса ја одобри одлуката според која едно семејство може да има три, наместо две деца како порано, пренесува Ројтерс.
До почетокот на 2016 година, само едно дете беше дозволено во Кина, а таквата политика е во сила од 1970 година, со цел да се намали стапката на наталитет и да се контролира растот на населението.
Од почетокот на 2016 година до денес, на брачните парови им беше дозволено да имаат две деца, а сега има уште една промена во кинеската политика за наталитет.
Пописите покажаа дека Кинезите имаа најмала стапка на пораст на населението во последните неколку децении.