Кол: Канте е најдобриот тимски играч на светот

Челси излезе како победник од пресметката со Манчестер Сити и го освои трофејот во Лигата на шампионите.

Голот вреден победа за „сините“ го даде Каи Хаверц во првото полувреме, но тој гол дефинитивно падна во сенка на Н’ Голо Канте кого го имаше насекаде на теренот, брилијатно си ја заврши работата и му овозможи на Челси да дојде до посакуваната цел по вторпат да се искачи на врвот во Европа.

-Мислам дека нема поважен играч за својот тим во светот на фудбалот од Канте. Тој го носеше овој тим, -истакна некогашниот англиски репрезентативец Џо Кол по вечерашната средба во Порто.

Инаку Французинот сосема очекувано беше прогласен за играч на натпреварот.

Извор: Дерби