Филипче: Се разгледува можност за вакцинирање на деца од 12 до 16 години

Вакцинацијата во Македонија продолжува со исто темпо, при што досега се вакцинирани околу 300.000 граѓани од кои што над 230.000 со една доза и 60.000 ревакцинирани, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Според него следната недела се очекуваат 20.000 вакцини донација од Грција и 50.000 од Бугарија. Дополнително во јуни пристигнуваат вакцини преку Ковакс, но и кинески вакцини.

-Во следниот период ќе се разгледува можноста за вакцинирање деца од 12 до 16 години, откако сад го дозволи тоа со вакцината на  „Фајзер“-вели министерот Филипче и нагласи дека тоа мозе да е една од мерките  за да може учениците  од први септември да се вратат во училиште.

Што се однесува на тоа што сеуште е висок бројот на смртните случаи на болните со коронавирусот, Филипче  појасни дека тоа е така бидејќи на лекување на инфективните одделенија се останати тешките случаи.

-Зелениот пасош за патување во странство од технички причини сеуште не е готов, но деновиве и тој ќе биде готов-информира филипче.