Кинеската Aмбасада во САД синоќа соопшти дека политизирањето на потеклото на Ковид-19 ја попречува истрагата, откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека разузнавачката заедница на САД е поделена околу тоа од каде потекнува вирусот.
Амбасадата соопшти дека „некои политички сили се насочени кон политичка манипулација и наоѓање на виновникот”.
Кина поддржува „сеопфатна истрага на сите рани случаи на Ковид-19 откриени низ целиот свет и темелна истрага на некои тајни бази и биолошки лаборатории низ целиот свет”, се вели во соопштението.