Собранието денес ќе одржи седница за пратенички прашања

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 42. седница на која на дневен ред се поставување пратенички прашања.

Седница за поставување пратенички прашања вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а предност за поставување прашања до премиерот и министрите имаат опозициските пратеници.