За да се спречи поскапувањето на струјата и да се заштитат македонските граѓани од дополнително осиромашување од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека нивните пратеници во Собранието ќе предложат намалување на стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) за струја од 18 отсто на 5 %.
Од Владата веќе најавуваат дека летово е можно поскапување на електричната енергија. Според пресметките на ВМРО-ДПМНЕ оваа нивна мерка ќе ги намали приходите во буџетот за околу 100 милиони евра, но власта тоа ќе може да го надомести со откажување од купувањето на луксузни автомобили, намалување на други непродуктивни трошоци и со кратење на кражбите, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека овој предлог ќе го поднесат преку собраниската Комисија за финансирање и буџет.