Вкупно 317 лица се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 317 лица, од тоа 131 пациент се лекува во главниот град. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани пет пациенти поради компликации од коронавирусот.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ во Скопје немало прием на пациенти. Еден пациент е примен во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“, а четири пациенти се примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.

Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 18 пациенти, во ГОБ „8 Септември има вкупно 49 болни“, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 64 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има четири пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 34 пациенти. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 12, во ковид – центарот во Гостивар пет, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 16 пациенти, во Кочани четири во Кичево седум, Кавадарци пет, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.