На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 202 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 202 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 15 болни, а во Куманово 38 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар 5, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 16 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 6, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 329 и има околу 575 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.