Највисоката просечна плата во Македонија изнесува 70.551 денар

Државниот заводот за статистика ја објави висината на просечната плата во Македонија за март месец.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесува 106.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17.9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (12.3 %) и Информации и комуникации (12.1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14.9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (5.3%) и Градежништво (4.0 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2021 година, изнесува 28 217 денари.

На врвот најплатена професија во Македонија според просечната плата остануваат програмерите и консултанти со 70.551 денар. Во март месец просечната плата на вработените со овие професии пораснала за 9,1 процент.