Свадби ќе има од 15 јуни, но без ора и со помалку гости

Сопствениците на рестораните за свадби очекуваат дека свадби ќе има од следниот месец и тоа под строго утврдени протоколи. Според протоколите кои беа доставени, на свадбите нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број. Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маски

Доколку епидемиолошката состојба остане стабилна и се задржи нискиот тренд на новозаболени од коронавирусот рестораните за свадби ќе бидат отворени најрано на 1 јуни, а најдоцна на 15 јуни.

Според информации од Владата протоколите за организирање на свадбени прослави се подготвуваат и наскоро ќе бидат претставени пред сопствениците на угостителските објекти за да можат да се подготват за организирање на прославите.

Сопствениците на рестораните за свадби очекуваат дека свадби ќе има од следниот месец и тоа под строго утврдени протоколи. Според протоколите кои беа доставени, на свадбите нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број. Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маски.