Македонска и бугарска делегација на 26 мај со заеднички активности во Рим ќе го слават делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Делегациите на Македонија и на Бугарија предводени од претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев, оваа година заедно со бугарски авион, ќе патуваат за Рим. Претседателот Радев ќе допатува во Скопје и по кусата средба со претседателот Пендаровски на скопскиот аеродром, заедно со група бугарски и македонски новинари ќе отпатуваат за Рим, информираат од кабинетот на Пендаровски.