Генералниот секретар на ООН е згрозен сум од страдањето на цивилите во Газа

„Генералниот секретар е згрозен од зголемениот број убиени цивили, вклучително и смртта на десет членови на исто семејство, меѓу кои и деца, во израелскиот воздушен напад синоќа во кампот ал-Шати во Газа“, рече вчера портпаролот Стефан Дујарик.

Најмалку 148 лица, вклучително и 41 дете, се убиени во Газа откако избувнаа судирите во понеделникот, објави Ројтерс.

„Генералниот секретар е исто така длабоко вознемирен од израелскиот воздушен напад што уништи висока зграда во Газа, во која се наоѓаа канцелариите на неколку меѓународни медиумски организации, како и станови“, додаде тој, осврнувајќи се на зградата во која се наоѓаа канцелариите на Асошиејтед прес (АП) и медиумската куќа Ал Џезира.

АП го осуди нападот и го повика Израел да презентира докази дека, како што тврди, и Хамас бил сместен во зградата.

„Генералниот секретар ги потсетува сите страни дека секое неселективно насочување на цивилни и медиумски структури го крши меѓународното право и мора да се избегне по секоја цена“, заклучи портпаролот на Гутереш.