СДСМ денеска ќе бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор

Денеска  ќе се одржи 26 конгрес на СДСМ. Во партиското седиште ќе биде присутно само најтесното партиско раководство, а конгресот ќе се одржи онлајн. Социјалдемократите ќе избираат заменик претседател, потпретседатели, но и членови на Централниот и Извршниот комитет.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера изјави дека денеска  органите на партијата ќе ги предложат кандидатите за заменичкото и потпретседателските места на партијата. Заев најави нова и свежа енергија со која, како што вели, партијата треба да оди напред.

Радмила Шекеринска најави дека ќе се повлече од партиската функција и вели дека не е од оние луѓе кој припаѓаат на некоја партија само поради функцијата и дека време е фокусот да се стави на суштинските политики наместо на внатрепартиските промени кои се нормални за секоја една партија.

Од имињата за кои се шпекулира дека ќе дојдат на нејзината функција се и министрите Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи и Венко Филипче.