(ВИДЕО) Десет членови на семејство убиени во израелски напад во појасот Газа

Израелските борбени авиони ја нападнаа Газа рано утрово, а Хамас возврати со истрелување ракети кон Израел петта ноќ од конфликтот, додека американските и арапските дипломати се обидуваат да најдат начини да го запрат насилството.

Во нападот беше убиено десет члено семесјство во западниот појас Газа, јавија француски медиуми повикувајќи се на палестинските здравствени власти.

Осум деца и две жени беа убиени кога проектил истрелан од израелски борбен авион им ја уништи нивната трикатна куќа во бегалскиот камп Ал Шати.

Според очевидци, израелските воени авиони фрлиле најмалку три бомби врз трикатната куќа без да ги предупредат нејзините станари.

Како одговор на нападот, Хамас испука проектили кон јужниот дел од Израел.