„Амазон“ ги награди вакцираните работниците со по 100 долари

Амазон денеска најави дека ќе отвори 75.000 работни места низ својата мрежа на магацини и дистрибутивни центри во САД и Канада. Компанијата, исто така, соопшти и дека ќе им понуди бонус од 100 долари на нововработените кои имаат потврда дека се вакцинирани против ковид-19.

„Амазон“ додаде дека ќе понуди просечна почетна плата од 17 долари на час на тие работни места, што е одраз на неодамнешното зголемување на платата во опсег од 50 центи до три долари на час за повеќе од половина милион вработени во САД кои работат во таа компанија, објави Си Ен Би Си.