Гутереш порача: Итно да запрат воените дејствија во Газа и Израел

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш повика на итен прекин на непријателствата меѓу Израелците и Палестинците.

„Од почит кон духот на Бајрам, повикувам на итнa деескалација и прекин на борбените дејствија во Газа и Израел”, напиша Гутереш на Твитер.

Генералниот секретар на ООН предупреди дека конфликтот ќе предизвика екстремизам на Блискиот исток.

„Премногу невини цивили веќе загинаа. Овој конфликт може само да ја зголеми радикализацијата и екстремизмот во целиот регион”, оцени Гутереш.