Скандал: Ќерката и снаата на Трамп биле интимни со телохранителите

Последниве неколку години во Белата куќа кружеле гласини дека Тифани и Ванеса Трамп имале интимни односи со своите телохранители, а сега веста протече во јавноста.

Новинарката добитник на Пулицерова награда, Керол Леониг, напишала книга наречена Zero Fail: The Rise and Fall of the Secret Service. Новинарите на „Гардијан“ и „Вашингтон пост“ добиле делови од книгата во кои се споменуваат Тифани и Ванеса.

Во книгата, Леониг, меѓу другото, открива како Ванеса и Тифани биле интимни со агентите на тајната служба, кои биле задолжени да се грижат за семејството додека Доналд Трамп бил претседател на Соединетите држави. Книгата излегува на 18 мај, а потоа јавноста ќе дознае сè што Леониг напишала за ќерката на Трамп, Тифани и поранешната снаа Ванеса, првата сопруга на Доналд Трамп Џуниор.

Според „Гардијан“, Ванеса започнала врска со еден од агентите кој се грижел за безбедноста на Доналд Трамп Џуниор, за неа и нивните деца. Не е познато како настанала аферата, но Ванеса поднела барање за развод во март 2018 година. Леониг пишува дека агентот не бил отпуштен, ниту имало последица во професионална смисла.

Тифани била во врска со друг агент, со кого поминувала многу време сама. Тогаш, според книгата, шефовите на тајните служби „биле загрижени за тоа колку Тифани се зближила со висок, темен и убав агент“. На агентите инаку им е забрането да имаат интимни и лични односи со луѓето кои ги штитат.