Младиот 22-годишниот внук на Камер Идризи се бори во живот, го погодиле шест куршуми

22-годишниот Е.И. од Арачиново е ранетото момче во вчерашната престрелка во скопски Бутел. Тој е внук на Камер Идризи кој беше убиен, и во моментот се бори за живот.

Е.И. бил во автомобилот на Камер во моментот кога непознати лица од автомобил марка „ренџ ровер“ пукале со автоматско оружје.

Камер починал на пат кон болница. 22-годишникот од Арачиново бил хоспитализиран со шест прострелни рани и во моментот се бори за живот на Комплексот клиники.

Според информации објавени во медиумите, во возилото марка „голф“ испукани биле околу 90 куршуми од автоматска пушка „калашников“.