Премиерот Заев по повод Рамазан Бајрам: Во овие тешки мигови заради пандемијата со КОВИД-19, светиот празник Рамазан Бајрам носи надеж за нов почеток

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, по повод празникот Рамазан Бајрам упати телеграма со честитки до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед.

Почитувани,

Овие светли денови во духот на празникот Рамазан Бајрам како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата да ги почитуваме здравствените препораки и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме по европскиот пат што го избравме, здружено и единствени.

Во периодот што следи да се вакцинираме како најефикасно средство во борбата против оваа пандемија и знам дека така заедно ќе успееме најбрзо и најбезболно да ги пребродиме нејзините последици.

Дозволете ми да ви посакам празничните денови ги поминете во слога и спокојството на домот, во добро здравје и духовна сила!

Бајрам Шериф Мубарек Олсун, односно: Нека биде благословен и честит празникот!“