Милан вчера славеше со 3-0 на гостински терен кај Јувентус и така ги зголеми шансите следната сезона да игра во Лигата на шампиони (ЛШ).
„Росонерите“ покажаа колку ја посакуваат ЛШ и кога беше најпотребно успеаа да слават убедливо против еден од главните конкуренти за топ-4 позициите во Серија А.
Тренерот Стефано Пиоли беше пресреќен по големата победа на Милан.
„Не верувам дека постои нешто како совршен меч, но против Јувентус одигравме блиску до тоа. Игравме како зрел тим со намера да победи. Милан никогаш не победил на овој стадион, па тоа е уште една одлична вест за нас“, вели Пиоли.