Апелациониот суд денеска одлучува за казните на Боки 13 и Катица Јанева

Апелациониот суд денеска ќе одлучува по казните на осудените во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

Бојан Јовановски доби 9 години затвор од Кривичниот суд, додека за Катица Јанева беше издадена седумгодишна казна затвор. Тие имаа право на жалба, и го искористија тоа право, со што сега Апелација може да ги потврди казните со што би станале правосилни, но може предметот да го врати на повторно судење.

Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори на 15 јули 2019 година, кога беше уапсен и Јовановски, додека Јанева стана осомничена на 21 август истата година.

Двајцата обвинети се наоѓаат во домашен притвор во моментов. Боки 13 беше во притвор во Шутка, но поради нарушена здравствена состојба, неколку пати беше пренесуван во болница, а на крајот на октомври минатата година му е изречена мерка домашен притвор.