(ВИДЕО) Директорка на училиште им се заканува на учениците да не протестираат против загадувањето на воздухот

Директорката на скопското средно училиште „Никола Карев“ им се заканува на учениците, да не излегуваат на протест за чист воздух.

Средношколци од гимназиите „Никола Карев“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ утринава се собраа во училишните дворови приклучувајќи се на најавениот бојкот поради огромното загадување на воздухот.

Средношколците почнаа да се жалат дека врз нив се применуваат закани поради најавените протести против загадувањето. Тие велат дека професорите им се заканувале, но и закажувале тестови баш за денес,, со цел да се оневозможат во својата намера да излезат на протест против загадувањето во Скопје.

Во видеото кое се шири помеѓу јавноста, јасно можете да слушнете со кои зборови таа им се обраќа на децата.

„Мртва тишина! Тој што вика ууу уште еднаш нека викне, не ми смета. Може повторно и другите да викаат. За секој случај, да ве информирам“.

„Само вие протестирате и нема настава. За последиците не ви гарантирам“