Биткоинот продолжува да расте, но банкарите се повеќе инвестираат во друга криптовалута

Најстарата и најпопуларна криптовалута, биткоин, денес забележа раст од скоро 3 проценти. Цената на биткоинот во моментов лебди околу 57.200 долари, а во изминатите 24 часа се движеше од 55.950 до максимум 58.300 долари.

Втората најпопуларна криптовалута, Етериум, со денови ги руши сопствените рекорди, па сегашната цена е околу 3.500 долари, што е раст повеќе од 5 проценти.

Да ве потсетиме, биткоинот постави историски рекорд на 14 април, кога вредеше повеќе од 64.000 долари, а само по неколку дена, цената „падна“ на 47.000 долари.

Пазарната капитализација на биткоинот е сè уште над трилион долари.

Пред неколку дена, американската банка JPMorgan објави интересна белешка за инвеститорите во која се обиде да објасни зошто втората најпопуларна крипто-валута, Етериум, во последните неколку недели се снаоѓа на пазарот подобро од биткоинот.

Постојат две причини за ова: подобрувања во ликвидноста и поголем сообраќај на јавната блокчејн мрежа на Етериум.

Исто така, според Блумберг, Европската инвестициска банка ќе користи Етереум за регистрација на дигитални банкноти во вредност од 100 милиони евра.